Кејт Мос шмркала три грама кокаин во рекордно време и оргијала

1996

Кејт Мос го прослави 46-тиот роденден, а важи за една од најфотографираните жени на светот. Кејт како модел е откриена кога со семејството се враќала од Бахамите во Велика Британија на аеродромот во Њујорк кога имала само 14 години.

Кејт во жарот на најголемата слава била наречена „кралица на забавите“, а зад прекарот се криел фактот дека може да „ишмрка три грама кокаин и да испие литар вотка во рекорден рок“.

Во 1996 година се дознало за нејзината врска со актерот Џони Деп, а потоа дури и тој се изморил од нејзиниот имиџ и ја молел да го забави темпото.

За својот 30-ти роденден Мос одржала забава под темата „Убава и проклета“, која наводно била толку турбулентна што актерката Гвинет Палтроу побегнала.
На забавата гостите тврделе дека во една соба имало оргии, а Кејт влегувала и излегувала од неа.

После раскинувањето со Деп, Мос почнала да се дружи со Џуд Ло и со неговата поранешна сопруга Сејди Фрост, со која Мос наводно започнала врска. Кога Сејди му рекла на својот сопруг за таа врска, Ло возбудено предложил и тој да се „уфрли“ па оваа тројка редовно имала сексуални односи заедно.

Добила и награда од Американското здружение на модни дизајнери, а кога дошла да ја прими наградата, била толку пијана што не можела ниту да го изговори називот на здружението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...