Претседателот на украинската Влада, Олексеј Хончарук, поднесе оставка од функцијата.
„Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка“, напиша Хончарук на Фејсбук.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека ќе ја разгледа оставката на Хончарук.