Потенцијалната соработка за унапредување на здравството преку поддршката за новиот проект за малигни заболувања, загадувањето на воздухот, здравјето и животната средина, како и менаџирање на загадувањето на животната средина, се темите за кои министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули разговараа со претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.
Од Министерството за здравство информираа дека Филипче и Макрадули на средбите во Агенцијата во Виена ги претставиле приоритетите на Владата на Република Македонија во делот на здравството и животната средина и ја потенцирале важноста од успешната досегашна, но и идна соработка со агенцијата.
Во рамки на посетата Филипче и Макрадули се сретнале со заменик- генералниот директор на одделот за нуклеарна енергија, Микхаил Чудаков, со заменик-генералниот директор на одделот за нуклеарна сигурност, Хуан Карлос Лентијо, заменик-генералниот директор на одделот за техничка соработка, Дазу Јанг и заменик-генералниот директор за техничка соработка за Европа, Алдо Филхо Малаваси, посочуваат од Министерството за здравство.