До вонредните избори што треба да се одржат на 12 април, остануваат помалку од 90 дена. Што сработи техничката „пржинска“ влада досега, во однос на нејзината главна причина за постоење, а имено подготовката за спроведување на фер и демократски парламентарни избори?
До каде сме со прочистувањето на избирачкиот список? Ако претходната влада водена од ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана за стотици илјади мртви души во избирачкиот список и неспроведениот попис на населението, тогаш владата предводена од СДСМ со што ќе се оправда или и тие немаат волја да се реши ова прашање?! До каде сме со прашањето за финансирање на политичките партии? Има ли некој воопшто волја во оваа земја да се променат правилата и да имаме европски регламентирано финансирање на политичките партии?
Зошто службените (технички министри) во оваа влада се занимаваат со апсолутни глупости како на пример кои партиски војници вработени во МВР (тие на ВМРО-ДПМНЕ или тие на СДСМ) ќе го чуваат претседателот Пендаровски и другите лица што им следи обезбедување по закон, наместо да се занимаваат со суштинските прашања како што е промената на изборниот модел во Македонија?
Дали во 2080-та година или можеби многу поскоро Македонија ќе има евроспски изборен модел, една изборна единица, отворени изборни листи? И кога станува збор за т.н една техничка министерска „гламурозна“ администрација, тогаш што правиме со прашањето поврзано со намалувањето на бројот на пратениците во Собранието и со намалувањето на составот на владата? Никаде во Европа нема влада која што има толку министри без ресор.
И кога човек ќе погледне дека техничката влада не се занимава со овие прашања, и особено прочистувањето на избирачкиот список, тогаш дали навистина ни претстојат вондредни „наместени“ избори?!