Научниците неодамна дошле до откритие кое би можело да го раздрма денешното сваќање на физичките закони. Во студените подрачја на Антарктик регистрирани се исклучително чудни честички кои засега неможат да се објаснат.
Станува збор за високоенергетски честички кои се движат под агол кој сугерира дека непречено се движеле низ нашата планета, пишува New Scientist.
Најновата анализа на тие чудни честички ги исклучила сите можни објаснувања за нивната појава со стандардниот модел. Стандардниот модел е теорија во физиката за елементарните честички која успешно опишува три од четири фундаментални интеракции помеѓу елементарните честички од кои се состои целата позната материја: електромагнетизам како и силната и слабата нуклеарна интеракција.
Новооткриените честички може да се објаснат единствено надвор од принципот на стандардниот модел, што ќе значи дека за нивното толкување можеби ќе биде потребна некоја сосема нова физика.