Лекарката која со медицинска белешка привремено го ослободи Тони Трајковски од рочиштата за ТНТ в понеделник ќе треба во судница да објасни зошто ексградоначалникот на Гази Баба не е во состојба да доаѓа на судењето.
Кривичниот суд побарал лекарката јавно да ја образложи здравствената состојба на Трајковски и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето.
Судењето вчера беше одложено бидејќи Трајковски достави лекарска белешка во која се препорачува тој да биде на боледување 15 дена откако неодамна беше натепан.