Доколку за проблем од даночната сфера граѓанин или правно лице сака да се консулирате со даночен агент од Регионална дирекција на Управата за јавни приходи во Скопје од 1 мај задолжително ќе треба да закаже средба по телефон или преку веб страната на контакт центарот на УЈП.
– Закажувањето на средбата е лесно и се реализира преку Инфо центарот на УЈП 0800 33 000 или 02/3253 200 или он-лајн во пет чекори преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk која овозможува пристап до услугата „Закажи средба“. Средба може да се закаже од 9 до 15 часот секој ден, во термин и ден кои ќе ги определи даночниот обврзник, но не може да се закаже средба за истиот ден- појасни Михајло Михаилов, раководител на Контакт центарот.
Консултација може да се закаже за добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци; отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; консултации за издадени даночни документи; утврдување на даноци; постапки за наплата на долгови; правни прашања и консултација за други специфични прашања.
За овие консултации се ангажирани осум даночни служби.
Одговорните во УЈП – Скопје велат дека на овој начин се намалува метежот на шалтерите се заштедува време на граѓаните и сметководитлеите на фирмите, а агентите ќе бидат подготвени да одговорат на проблемот.
– Според нашите пресметки дневно ќе можат да се организираат 176 средби, бидејќи е панирано тие да траат по 15 минути – вели Мухедин Авдиќ, раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци.
Во периодот од 1 декември до сега кога се тестираше ваквиот систем на работа организирани се 100 даночни средби.
Во план е од 1 јануари наредната година консултации да се закажуваат и во другите даночни канцеларии.