Гостиварка пријавилa дека сопругот ја принудува на сексуални односи со негов другар

Дваесетгодишната гостиварка пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар

1242
Фото: МВР

Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција. По поднесувањето на пријавата, сопругот и негов пријател биле приведени во полиција.

Според СВР – Тетово, 20-годишната гостиварка вчера, во 21 часот и 50 минути, пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар. Според пријавата, за тоа сопругот добивал и одреден паричен надоместок.

Сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот, се приведени и задржани во Полициската станица во Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...