Француските медиуми опширно известуваат за посетата на претседателот Емануел Макрон на Вашингтон и покрај несогласувањето за решавање на некои светски прашања, сите ставаат акцент на нивното пријателство, оценувајќи дека измислиле нова дипломатија – дипломатија на допири.
Весникот „Ле Поинт“ пренесува дека постои дипломатија на добрососедство или мирна коегзистенција, но Макрон и Трамп со постојаното ракување, прегрнување и допирање покажуваа дека постои „дипломатија на допир“.
Медиумите посебно го истакнаа необичниот гест на Трамп пред фотографирањето пред состанокот во Овалната соба во Белата куќа. Трамп со рака му го чистеше првутот од палтото на Макрон, правдајќи се дека францускиот претседател мора да биде беспрекорен.
Се претпоставува на шега дека во прашање е „љубовна приказна“ но се додава дека со тие гестови на симпатија, Трамп и Макрон успеале да ги „маскираат своите несогласувања“.
Макрон, кој пред доаѓањето во Вашингтон рече дека сака да го убеди Трамп да не се откажува од иранската нуклеарна програма и во едно интервју наведе дека не постои „план Б“ во спречувањето на Иран да збогатува ураниум, сепак не успеа, оцени „Ле Поинт“.
Трамп пред средбата во Овалната соба рече дека договорот е катастрофален, но после заедно со Макрон изјави дека ќе работи на нов договор кој треба да има „добри темели“.