Ибрахимовиќ без повик од селекторот за Мундијалот во Русија

55-годишниот Андерсон јасно му порача на фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, дека не му е во плановите за Мундијалот.

249

Селекторот на шведската фудбалска репрезентација Јан Андерсон не го повика Златан Ибрахимовиќ за настап на претстојното Светско првенство во Русија.

55-годишниот Андерсон јасно му порача на фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, дека не му е во плановите за Мундијалот.

– Рече дека ја завршил репрезентативната кариера по Европското првенство и јас ја почитувам таа одлука. Сметам дека кога веќе еднаш така одлучил, не треба да се враќа во националниот тим. Не контактирав со него, но јасно кажувам дека не е во моите планови за Мундијалот, изјави шведскиот селектор.

Шведска обезбеди учество на СП по големата победа во баражот со Италија, и оттогаш, Ибрахимовиќ почна да праќа сигнали во јавноста дека сака да се врати во репрезентацијата, па дури и изјави дека Мундијал без него не е вистинско СП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...