Мицкоски: Ако дојдеме на власт ќе обелодениме кој му помогна на Груевски да избега

2422

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Економски магазин“ на прашање дали ќе го пречека со фанфари Никола Груевски на аеродромот ако неговата партија победи на избори и формира влада, одговори дека ќе истражи и ќе обелодени кој му помогнал на Груевски да избега од државата.

Мицкоски додаде дека во оваа држава има закони што мора да се почитуваат и оти секој што погрешил пред законот, без разлика дали е Груевски, Мицкоски или Заев, мора да одговара.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...