Македонската влада покровител на „Светосавска недела 2020“, ќе се обратат Вучиќ и Спасовски

684

Македонската влада на вчерашната седница донела одлука со која го прифатила барањето на Српскиот културен центар да биде покровител на програмата „Светосавска недела 2020“ со која ќе се одбележи националниот празник на Србите – 27 јануари, Ден на Свети Сава, се пофали порталот Срби.мк.

Порталот повикувајќи се на извори од Организацискиот одбор за одбележување на националниот празник на Србите вели дека одлуката ја примиле со задоволство и дека ја поздравуваат одлуката на македонската влада, која „покрај претседателот на Србија Александар Вучиќ и годинава прифатила да биде покровител на програмата „Светосавска недела 2020“.

Од Организацискиот одбор очекуваат на завршната манифестација, на свечената Светисавска академија да присуствува и да се обрати премиерот на Република Сверна Македонија, Оливер Спасовски.

Иако Плусинфо побара потврда од владата за информацијата, досега не добивме официјален одговор.

Извори од владата брифираат дека на вчерашната седница станало збор за барањето македонската влада да биде покровител на „Светосавска недела 2020“, но дека не знаат што е одлучено.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...