Соња Трифуновска избрана за заменик на Народниот правобранител

417

Пратениците со 63 гласа „за“, осум „против“ и без ниту еден воздржан попладнево ја избраа Соња Трифуновска за заменик на Народниот правобранител, која ќе работи во Скопје.

Власта и опозицијата имаа спротивставени ставови за предлогот Трифуновска, дипломиран правник од Тетово, да биде заменик на Народниот правобранител.

Координаторот на пратеничката група на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски изјави дека СДСМ сака и во институцијата Народен правобранител да инсталира свои кадри и да фрли дамка на работењето. Посочи дека Соња Трифуновска е член на Правната комисија на СДСМ и член на Форумот на жени на СДСМ. Обвини дека владеењето на правото е на најниско ниво и ги повика пратениците добро да размислат дали треба и во оваа институција да се дозволи целосна партизација.

Апелираше Соња Трифуновска да не биде избрана за заменик-народен правобранител и да се даде можност некое друго стручно лице да се јави на овој оглас и институцијата Народен правобранител да остане заштитник на правата на граѓаните.

Народниот правобранител Иџет Мемети посочи дека е негово правото да предлага заменици пред Собранието. Ги информираше пратениците дека од тројца кандидати, само двајца ги исполнувале условите, а еден од нив е Трифуновска.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...