Агенцијата за примена на јазикот денеска го објави Прирачникот за примена на Законот за употреба на јазиците. Директорот на оваа институција Илбер Села, при објавување на Прирачникот, изјави дека овој документ значително ќе придонесе во однос на подобра презентација на институција, за по позитивен имиџ и за повисоко ниво на функционирање на Законот за јазици. Според директорот Села, процесот на почитување на правото на употребата на албанскиот јазик, како основно право на Албанците, треба да се спроведува ефикасно и одговорно, што е во интерес на стабилноста на општеството каде живееме.
Од основање на Агенцијата за примена на јазикот, како што изјави директорот Илбер Села, повеќе државни институции ги имаат контактирано за помош. При презентација на Прирачникот за примена на Законот на употреба на јазици, Села издвои два примера на соработка.
На прашање од кога Законот за употреба на јазици, се објави во Службен Весник, во кои институции албанскиот јазик се применува потполно, каде делумно и каде воопшто не се применува, директорот Села, кажа дека во однос на оваа прашање одговор ќе даде во февруари, каде ќе биде и објавена и анкетата пратена до сите државни институции. Во овој извештај како што најави Села, кој се подготвуваа од страна на раководителот на Секторот за планирање, Маријан Патлиџанковски, ќе бидат објавени имињата на сите институции кои барале помош, кој одговорил на прашањата и кој не прифатил да одговорат.
– Со многу одговорност тврдам од формирање на Агенцијата до сега, има помал интерес за употреба на албанскиот јазик во институции кој се раководени од Македонци. Меѓутоа не сакам да ги амнестирам некои раководители Албанци, кој многу малку направиле за примена на Законот за употреба на јазиците – изјави Села.
Дополнителни информации за оваа анкета даде и Маријан Патлиџанковски, кој на прашање на МИА, одговори дека во три наврати до државните институциите се пратени прашалници, односно и во неколку наврати ургенции. Според Патлиџанковски, отпор за не спроведување на Законот за употреба на јазиците, има и кај институциите каде што функционерите се Македонци и таму каде што се Албанци.
– Прашалници се испратени до вкупно 641 институции. Изземани од овој прашалник беа само образовните институции, односно училиштата и градинките. Од досегашните одговори кои ги имаме добиено на прашалниците, сметаме дека во 99 отсто од одговорите двојазичноста не се спроведува како што е во Законот. Законот треба да се почитува, независно во која институција. Не станува збор само за институции каде што функционерите се Македонци, туку Законот за употреба на јазиците не се почитува и таму каде што функционерите се Албанци. Вина не треба да барате никаде. Секаде се спроведува полека. Уште сме на почеток – изјави Патлиџанковски.