Вархеји: Северна Македонија е подготвена за почеток на преговорите, очекувам одлука пред Самитот во мај ВИДЕО

386

Европската комисија останува на оценката дека С. Македонија и Албанија се подготвени за почеток на пристапните преговори и одлуката од земјите-членки треба да се донесе пред Самитот на ЕУ во мај во Загреб.Ова го порача еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со техничкиот премиер Оливер Спасовски во владата.

Тој порача дека за земјава приоритет се спроведување на реформите и актуелниот парламентарен состав да го донесе новиот закон за јавното обвинителство.  Вархеји порача дека по изборите Европската комисија ќе соработува со кој и да победи.

Вархеји додаде дека и за новата влада, кој и да ја формира, клучно ќе биде спроведувањето на Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство.

– Среќен сум што сум денеска во Скопје. Првата посета сакам да ја одбележам со Северна Македонија која го испорача историскиот Преспански договор. С Македонија е сигурен партнер за ЕУ и реформите функционираат. Мора да ги забрзаме процесите и да ги напарвиме поверодостојни и за регионот и за земјите членки. Комисијата не може да работи без поголемо влијание во регионот. Мора да работиме врз основа на процената дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговорите. Треба да имаме позитивна одлука од Советот пред Самитот во мај. Затоа во претсоијните месеци ќе имаме многу работа со премиерот затоа што треба да дадеме нови предлози со кои ќе се унапреди процесот на проширување. Сакаме да предложиме отворање на пристапни преговори уште пролетва, но тоа треба да биде во пакет со економски мерки – рече Вархеји.

Тој истакна дека побарал ЕП да определи награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата во искористувањето на европските фондови.Тој очекува предлогот  дека ќе добие зелено светло и ќе се овласти исплатата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...