Медведев поднесе оставка, падна владата на Русија

1063

Владата во  Москва е во оставка, откако рускиот премиер Дмитри Медведев денеска си поднесе. Руските медиуми јавуваат дека Медведев му ја доставил оставката на претседателот Владимир Путин.

Како што јавува агенцијата ТАСС, Путин му се заблагодарил на Медведев за неговата работа и ќе го именува за заменик-секретар во претседателскиот совет за национална безбедност. Путин побарал од кабинетот на Медведев да продолжи со работа додека се формира нов.

Според руските медиуми, Медведев одлуката ја донел по разговор со Путин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...