Меган Маркл е фотографирана првпат по кризниот состанок кој беше одржан во понеделникот во Велика Британија.
На состанокот се одлучуваше за иднината на Меган и принцот Хари, по одлуката дека се одвојуваат од кралското семејство.
Папараците ја фотографирале Меган кога се качувала во авион, додека заминувала од посетата на еден женски добротоворен центар во Канада. Таа цело време била насмеана.
Потоа се појавија и фотографии кои настанале за време на посетата во центарот, на кои Меган е во опуштено издание – носи бел џемпер, црни панталони и чизми.
„Погледнете со кого пиевме чај денеска! Војвотката од Сасекс, Меган Маркл нè посети денеска за да поразговараме за проблемите кои се однесуваат на жените во заедница“, стои во описот на фотографијтата која овој женски центар ја сподели на социјалните мрежи.
Како што пренесуваат британските медиуми, телохранителот на Меган ја испратил до авионот.
„Не мораше да седи и да чека со останатите патници внатре во терминалот“, рекол извор од аеродромот за британски „Сан“.
Како што се наведува, и прицот Хари наскоро ќе пристигне во Канада.
FOTO: Instagram/Printskrin