ВНИМАНИЕ Ако имате ваква патна шолја од ИКЕА, немојте да ја користите, вратете ја и ќе си ги добиете парите назад!

834

ИКЕА ги повика сите купувачи што ја поседуваат патната шолја од марката Troligtvis со ознаката „Made in India” (произведено во Индија) да престанат да ја користат. Секој што ќе ја врати ваквата шолја во било која продавница на ИКЕА целосно ќе му бидат вратени парите, соопшти познатиот трговски синџир.

ИКЕА постојано врши испитување на квалитетот на производите што ги продава. Неодамна е утврдено дека оваа патна шолја содржи одредени штетни хемикалии над дозволените граници.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...