Масовни апсења во Албанија за последиците од земјотресот

455
EPA

Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица заради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември минатата година.

ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 лица се веќе приведени и оти  во тек е потрага по останатите 11.

Меѓу нив има општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

Тирана претрпе големи штети во земјотресот на 26 ноември. Уништувањето беше многу поголемо во близина на епицентарот на брегот на Јадранското Море, претежно во градовите Драч и Туман а 51 лица загина во урнатите згради.

Слична акција неодамна беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица,но пола од нив беа ослободени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...