Словенечката тенисерка Далила Јакуповиќ беше принудена да се откаже од квалификацискиот натпревар на Австралија опен поради проблеми со дишењето предизвикано од загадувањето на воздухот поради пожарите во Австралија.
Јакуповиќ, 117. во светот, водеше со 1:0 и 5:6 во гемови во вториот сет, кога почна да има потешкотии.
Подоцна била принудена да клекне на теренот, па дури и да плаче пред со помош на службените лица да го напушти тернот.
– Имав болка во градите во 9 часот. После 25 минути игра, добив нешто како напад на астма, а јас во принцип ја немам. Го повикав физиотерапевтот и се чувствував подобро. На крајот од вториот сет, повторно го повикав со надеж дека повторно ќе се подобрам. Поените стануваа подолги и не можев да дишам. Јас сум лута и тажна. Повеќе сум тажна затоа што ја имав победата во раце, но не можев да го завршам тоа што беше започнато. Немам астма или проблеми со дишењето поради топлината. Беше многу лошо, не сум доживеала такво нешто. Бев многу исплашена. Се исплашив дека можам да паднам и затоа клекнав на теренот, не можев да направам чекор повеќе – рече 28-годишната Јакуповиќ.
Нејзиното откажување доаѓа само неколку часа откако директорот на турнирот Крег Тили ја бранеше својата одлука да продолжи со квалификациите. Првично тие беа одложени поради загадувањето на воздухот.