По повод одржувањето на Саемот на книгата 2018, од 3 до 9 мај, на барање на „Скопски саем“, заради полесен пристап на посетителите до Саемот на книгата, ЈСП Скопје воведе две нови линии кои во истиот период ќе сообраќаат до ВИП-арена „Борис Трајковски“.
Линијата 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче до ВИП-арена „Борис Трајковски“ по следната траса: Булевар Јане Сандански → Нова железничка станица → Југодрво → Рекорд → Соборна црква → Партизански одреди → Поликлиника „Букурешт“ → ВИП-арена „Борис Трајковски“. Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11 часот, а исклучувањето во 19 часот.
Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион до ВИП-арена „Борис Трајковски“ по следната траса: Дексион → Ѓорче Петров → Партизански одреди → Поликлиника „Букурешт“ → СЦ „Борис Трајковски“. Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11 часот, а исклучувањето во 19 часот.