Европската комисија за неколку недели ќе ја има новата методологија за проширување

228
Photo: EPA / HAYOUNG JEON

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Во текот на претставувањето на хрватскиот претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен, ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

-Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори – порача Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК оцени дека токму Хрватска, која го презела шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, знае многу подобро од дргуите што значи силата на европската перспектива, колку далеку таа сила може да ја однесе државата во поглед на трансформацијата на системот и економијата, но и што е тоа што е добро што ЕУ може да го направи со својот ангажман и инвестирањето во регионот на Западен Балкан.

Photo: EPA / HAYOUNG JEON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...