Тачи: Алтернатива можно е да се финансира од луѓето на убиениот Сулејмани, носат исти прстени како генералот

1653

Лидерот на ДПА Мендух Тачи упати сериозни обвинувања за владиниот партнер Алтернатива. Тој во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека Алтернатива на Африм Гаши се финансира од сомнителни извори, „нешто од Турција, нешто од Иран“.

– Земети ги анализирајте ги прстените кои ги носат луѓето во Алтернатива. Тие се како прстенот на убиениот Касим Сулејмани од Иран – вели Тачи кој што напомена дека држаата е нема во односот на начинот на финансирање на Алтернатива.

– На книгите испечатени од „Логос-А“, ги има имињата на А.Г. и З.И. кои земаат хонорари по 4-5 илјади евра за една книга, а реално рецензиите се плаќаат по 500 евра на луѓе од Албанија. Па вие видете каде одат тие пари – рече Тачи.

Тој најави дека е подготвен на соработка со ДУИ, но под еден услов.

– ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам, ако прифатат да бидам вицепремиер – вели Тачи.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...