Претседателот на владеачката ДПА, Мендух Тачи во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му испратил посредник за да соработуваат.
Тој вели дека Мицкоски му испратил сериозен посредник од една странска држава, за да го убеди да соработува со ВМРО-ДПМНЕ.
Тачи додаде дека стратешкиот партнер на ДПА од 1999 година била ВМРО-ДПМНЕ која била западна ориентирана, насочена кон ЕУ, а дека денеска не ја познава таа политичка партија како таква.