Трамп: Сулејмани беше непосредна опасност за САД

64
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно ја бранаше својата одлука да се убие Касем Сулејмани, тврдејќи дека овој истакнат ирански генерал и воен командант претставувал „непосредна опасност за САД“.

– Медиумите кои пласираат лажни вести и нивните демократски партнери силно се обидуваат да утврдат дали идниот напад на Сулејмани бил или не „еминентен“ и дали мојата екипа за тоа прашање имаше исто мислење. Одговорот на двете дилеми е „да“, но тоа всушност и нема врска имајќи го предвид неговото ужасно минато, напиша Трамп на Твитер

При оваа прилика, како што пренесуават британските медиуми, тој напиша „еминентен“ (eminent), иако веројатно мислел на „непосреден“ (imminent), со оглед на фактот дека двата збора во англискиот јазик слично се пишуваат.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...