Мирослав Марчек, еден од обвинетите за убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата партнерка Мартина Куширова, ја призна денес вината во словачкиот суд во Пезинок, во близина на Братислава. Тој опиша како го извршил убиството, како и некои други околности за случајот.
Останатите тројца обвинети ја отфрлија вината. Признавањето на Марчек значи дека во неговиот случај ќе нема вообичаени докази, а судењето ќе биде насочено кон одредување на казната. Марчек исто така се изјасни за виновен и на претприемачот Петер Молнар во 2016 година, за што исто така ќе се расправа на тековново судење, што зпочна денеска во Специјалниот кривичен суд.
Триесетиседумгодишниот Марчек е втор од петмината обвинети во случајот на убиството на Куцијак и за него се бара затворска казна од 15 години.
Куцијан и Кушнерова се убиени во својата куќа во Велика Мача кај Трнава на 21 февруари 2018 година. Марчек изјави дека влегле во дворот и чекале во летната кујна Куцијак да се врати дома.
– Тогаш господинот Куцијак и госпоѓата Купшнирова се вратија заедно, значи видовме дека постои уште едно лице. Чекав погоден момент и тоа се случи кога г-ѓа Кушнирова појде во тоаслетот. Чукан на вратата, г-дин Куцијак отвори и го удрив в гради. Таа, Кушнирова, потрча до кујната, а јас отидов и таму ја удрив – рече Марчек на судот.
Тој додаде дека сакал убиството да го изврши на 19 февруари, но Куцијак не бил сам дома. Според зборовите на Марчек, Куцијак требало да биде киднапиран и убиен за никој да не може да го пронајде. Но, тоа било нереално. Исто така, говореше и за модификацијата на оружјето и куршумите за убиството и рече дека наредбата за убиството на Куцијак е од крајот на 2017 година.
Првобитно, словачката полиција идентификуваше друг обвинет, роднината на Марчек, Томаш Сабо. Меѓутоа, уште во текот на истрагата Марчек го призна убиството.