Kористењето на возилата ќе го решава внатрешната контрола, ако постои сомнение за нивно несоодветно користење. Ова е епилогот од средбата помеѓу техничкиот министер Наќе Чулев и дополнителната заменичка Славјанка Петровска во МВР, по проблемите со возилата и систематизацијата на вработените за кои недна нмедела се караа двајцата функионери.
– Ќе се повлечат само оние возила кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците, се вели во соопштенито на МВР издадено по средбата на министрите.
Тие усе договориле и дека ќе се прави соодветна распределба на возилата, водејќи сметка и за нивните два кабинети.
За телеграмата со која министерот Наќе Чулев ги известил раководителите на единицит, министрите се договориле дека е надлежен директорот на БЈБ. Тој веќе ги распределувал работниците кои добиле решенија од претходниот министер Оливер Спасовски, на ден пред неговото заминување од функцијата. Чулев претходно издаде наредба, решенијата да престанат да важат.