„Осомничениот во текот на јануари, неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции. При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово, биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш, 1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе паковки во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо“, информираат од Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово заедно со донесената наредба за спроведување истражна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена.