Пленковиќ: На Самитот на ЕУ во Загреб ќе се даде временска рамка за Западен Балкан и за методологијата

537

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори.

Пленковиќ во интервју за Франс 24 повтори дека очекува претставување на предлогот за одредени модификации на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и на Албанија.

Тој наведе дека тоа ќе доведе до постигнување на политичко решение и ќе ја врати довербата на двете земји пред Самитот на ЕУ во Загреб.

Пленковиќ додаде и дека главни предизвици на претседавањето, покрај проширувањето на Унијата, ќе бидат Брегзит и повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ.

– ЕУ и Велика Британија во следните неколку месеци треба да покажат зрелост и да ги договорат клучните области за идните односи до крајот на 2020 година – истакна Пленковиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...