Стоилковски: Обинителството да го испита случајот со болницата во Штип

97

Болница во Штип нема, а наместо казна за изведувачот, по две години доцнење со проектот, Венко Филипче и Зоран Заев одлучиле да му дадат уште 7 милиони евра!

Филипче и Заев се имиња кои што се повторуваат во „Рекет 1“, „Рекет 2“, во „Рекет 3“!

Обвинителството сериозно мора да го испита овој случај, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто не е активирана банкарската гаранција за изведувачот по доцнењето со градбата на штипската болница?

Зошто по втор пат се продолжува рокот без пенали за изведувачот на штипската болница?

Зошто сега по сето доцнење на изведувачот, се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот на Република Македонија?

Почитувани,

Сето ова длабоко го нарушува договореното на тендер за градба на болницата, најмногу во делот на цената за изведување, како приоритет во условите за добивање на тендерот?

Ако за проект вреден 30 милиони евра и веројатно во себе содржи и рамка минимум од 2 милиони евра за непредвидени трошоци, сега се бараат 7 дополнителни милиони евра од буџетот, работата е длабоко загазена.

Тоа е дел од работата на обвинителството кое мора, според закон, во овој случај да поведе постапка по допрен глас!, додаде Стоилковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...