Плишкова ја одбрани својата титула во Бризбејн

67

Каролина Плишкова (Чешка) ја одбрани титулата на тенискиот турнир вреден 1,5 милиони долари во Бризбејн (Австралија).

Поставената под број 2, Плишкова ја престигна бр.8 Медисон Кис со 6:4, 4:6 и 7:5 по 2 часа и 10 минути игра.

Плишкова го освои првиот сет откако спаси две можности за брејк и го изедначи резултатот на 4:4. Потоа стигна до брејк на 0 и го овои својот сервис за 6: 4.

Во вториот сет при 2:2 следеше размена на брејкови, но Кис успеа да ја искористи својата психолошка предност и на 5:4 во своја полза реализираше нов брејк, по што го изедначи резултатот.

Решавачкиот трет дел, започна добро за Плишкова, која направи брејк и сервираше за мечот при 5:4 во своја корист. Кис успеа да израмни на 5:5, но потоа дојде пад во играта и загуби со 5:7.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...