СДСМ: Институционално потврдено, ВМРО-ДПМНЕ е организатор на насилствата од 27 април, а Мицкоски не се оградува од насилниците

278
Низ институционални отворени судски процеси се потврди, ВМРО-ДПМНЕ стои зад насилствата од крвавиот четврток.
Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието.
Тоа се личности соработници на Никола Груевски, а денес соработници на Христијан Мицкоски
Мицкоски не само што не се оградува од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ, до ден денес јавно ги поддржуваат.
27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во ликот и делото на Христијан Мицковски.
Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.
Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе!
27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има.
Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април, соопштуваат од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...