Гончарук: На секое семејство од соборениот авион Украина ќе им даде по 8.500 долари отштета

1372

Украинскиот премиер Олексеј Гончарук денеска изјави дека Украина ќе плати отштета од по 200.000 гривни ( околу 8.500 долари) на секое од семејствата на жртвите во несреќата на авионот на “Украинските меѓународни авиолинии” во Техеран.

Гончарук кажа дека украинската авио-компанија ќе исплати отшетата на семејствата на членовите на екипажот загинати во несреќата на нејзиниот „Боинг 737-800“.

Британските меидуми пренесуваат дека портпаролот на авио-компанијата не бил достапен за коментар на изјавата на украинскиот премиер.

Гончарук додаде и дека украинските дипломати работат на добивањето отштета за жртвите на несреќата од иранските власти.

Техеран вчера призна дека иранската војска по грешка го соборила украинскиот авион, веднаш по полетувањето од техеранскиот аеродром, усмртувајќи ги сите 176 патници и членови на екипажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...