Ливерпул постави нов рекорд во Премиер лигата

470

Актуелниот европски шампион Ливерпул продолжува сигурно да чекори кон трофејот во домашното првенство. „Црвените“ вечерва го победија Тотенехм на гостински терен со 1:0 и поставија нов рекорд во Премиер лигата.

Ливерпул по 21 натпревар освои 61 бод и го сруши досегашниот рекорд на Манчестер сити од сезоната 2017/18 кога по 21 натпревар „граѓаните“ имаа 59 бода.

Голот вреден три бода на вечерашниот меч со Тотенхем го постигна Роберто Фирмино во 37.минута.

Табела: Ливерпул 61 бод (21 натпревар), Лестер 45 (22), Манчестер сити 44 (21), Челзи 39 (22), Манчестер јунајтед 34 (22),…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...