На социјалната мрежа Твитер се појави нова видео-снимка од моментот кога иранската ракета полетала кон украинскиот авион кој беше срушен на 8 јануари.
Снимката ја објави новинарот Гај Елштер, но официјална потврда дека станува збор за автенрична снимка сè уште нема.
Видеото го пренесе и реномираниот „Гардијан“, наведувајќи дека станува збор за моментот кога проектилот на иранската Револуционерна гарда бил лансиран кон украинскиот авион.
#BREAKING New footage shows the moment which the missile fired in the direction of the Ukrainian plane in #Iran pic.twitter.com/FyKXv1V53A
— Guy Elster (@guyelster) January 11, 2020