Курто Дудуш ќе ја донира јануарската плата

251

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на вчерашната вонредна седница на Општината одржана по повод пожарот во Шуто Оризари во кој загинаа две малолетни деца, истакна дека својата јануарска плата ќе ја донира на семејства чии што куќи се целосно уништени од пожарот, но и дека општинската администрација ќе одвои дел од својата плата.

На седницата, Советот донесе одлука да додели еднократна парична помош на три семејствата во висина од 30.000 денари, и за едно семејство еднократна парична помош во висина од 60.000 денари.

-Ја делиме болката на родителите и семејството. Сега ние сме должни на вас како родители, на уште две дечиња и на вашите соседи, кои ги изгубија своите домови да ви помогнеме да го вратите нормалниот живот назад – рече градоначалникот Дудуш на седницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...