Полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полицајци од Чешка и од Австрија, откриле 42 илегални мигранти кои се криеле во товарен воз кој Грција пристигнал на Железничката станица во Гевгелија. Како што е наведено во полицискиот билтен, мигрантите биле откриени во 16 часот, а 38 од нив биле од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир.
Три часа подоцна, пак, полицијата извршила контрола и на друг товарен воз кој исто така пристигнал од Грција. Во него повторно имало нелегални мигранти, но овојпат дваесетмина – осум од Пакистан, седум од Авганистан, тројца од Мароко и двајца од Алжир.
Од МВР информираат дека мигрантите веднаш биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.