Државен службеник ѝ се заканувал на новинарката Мери Јордановска, ССНМ бара итна истрага

1180

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува полицијата и Обвинителството да ги испитаат наводите на новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска, дека преку интернет ѝ се заканувал државен службеник вработен на Централниот регистар.

„Ако се потврдат наводите на Јордановска бараме промптно и соодветно да се санкционира службеникот и го повикуваме менаџментот на Централниот регистар да поведе дисциплинска мерка против својот вработен. Само на овој начин ќе се обесхрабрат сите оние коишто во иднина би помислиле повторно да се закануваат на новинари“, наведено е во соопштението од ССНМ.

Од ССНМ потсетуваат дека закани секогаш биле и се казниво дело и апелираат до МВР и до Обвинителството поревносно да ги откриваат и санкционираат ваквите случаи особено што нивниот број се зголемува во периодот на предизборието.

„Фактот дека Јордановска не е нападната само како новинар, туку и како жена (што може да се забележи од заканите што новинарката ги објави на Фејсбук) покажува дека во оваа држава треба да се вложат уште многу напори за еманципација“, додаваат од ССНМ.

Претходно, Јордановска на Фејсбук ги објави разговорите со службеникот.

„Гуска, пропагандистичка ороспија, да те искреираат на некролог. Ова е само мал сегмент од монологот на „ничим прозваниот“ кој од 5 до 6 часот изутрина ми се закануваше без престан, не знаејќи ниту каде работам и цитирајќи текстови кои не сум ги напишала. Тој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ и е државен службеник. Работи во Централниот регистар, а заедно со неговиот брат се сопственици на неколку портали.
За ова е веќе пријавен во МВР преку Хелсиншкиот комитет, особено затоа што за него веќе има пресуда за семејно насилство“, напиша Јордановска.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...