Претседателот на украинската компанија „Интернешнал ерлајнз“ денеска соопшти дека никогаш не верувал оти екипажот на нивниот авион „Боинг 737-800“, кој е соборен над Техеран, предизвикал уривање, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.
Тој ја даде изјавата откако утрово иранските власти признаа дека патничкиот авион во средата „ненамерно бил соборен“ од иранската војска.
– Ниту една секунда не се сомневавме дека нашиот екипаж и авион предизвикале таква страшна авионска несреќа. Тоа беа нашите најдобри луѓе – нагласи претседателот на авиокомпанијата.
Меѓу загинатите во несреќата биле 11 Украинци, вклучувајќи девет членови на екипажот.