САД ги укинаа чартер летовите за Куба

286

САД ги укинаа чартер летовите за Куба со намера да ги намалат доходите од преголемиот број чартери откако лани во октомври ги укинаа комерцијалните летови за оваа земја, освен во престолнината Хавана.

Како што јавија од Стејт департментот, мерката ќе го ограничи богатењето на кубанскиот режим од туризмот, што ги користи овие пари за финансирање на репресиите против народот на Куба и неговата поддршка за диктаторот Николас Мадуро во Венецуела.

Според одлуката, девет аеродроми на Куба нема веќе да примаат летови од САД. Авиокомпаниите имаат 60 дена постепено да ги откажат летовите за Куба. САД исто така имаат воведено ограничувања на бројот на летови во оваа земја.

Дипломатските односи меѓу Куба и САД беа прекинати на 3 јануари 1961 година, по доаѓањето на власт на комунистичкиот водач Фидел Кастро. За време на претседателствувањето на Барак Обама, односите помеѓу двете земји се подобрија, но со доаѓањето на Доналд Трамп, повторно се влошија.

Во 2017 година, САД повлекоа 60 отсто од својот дипломатски персонал на Куба. Лани пак, Стејт департментот дозволи судски процеси во САД против меѓународни компании кои вршат бизнис на Куба, и забранија групни патувања на Американци на островот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...