Покривот на опожарената куќа во Шутка ги усмртил децата

414

Момчето и девојчето на возраст од 3 и 1,5 година, кои денеска починаа во пожарот што избувна во населбата Шутка, според првичните информации, биле поклопени од покривот на импровизираната куќа во којашто живееле. Според кажувањата на мештаните, децата починале пред да стигнат скопските пожарникари.

Како што Плусинфо дознава, во куќата имало вкупно четири деца, но две успеале да се спасат по избувнувањето на огнот, додека, пак, врз најмалите деца се урнал покривот и било невозможно тие да бидат извлечени објектот.

Пожарот, како што информираат од од Противпожарната единица бил пријавен околу 13.25 часот на улицата „Брсјачка буна“, во близина на пазарот во Шуто Оризари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...