Две деца загинаа во пожар во Шутка

397
Фото: МВР

Две деца на возраст од три и една година загинале во пожар во населбата Шуто Оризари откако избувнал пожар во една куќа.

Како што јави Сител, пожарот за кратко се раширил и зафатил дел од околните куќи. Гореле четири од нив.

Според МВР, пожарот избувнал во куќа на улицата Брсјачка буна, по што се проширил на три други куќи. Куќата целосно изгорел, а на местото се упатени екипи за итна медицинска помош.

На местото веднаш пристигнал техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...