Адвокатот Даути со ново писмо до Џолев за предметот ТНТ

272

Адвокатот на Елизабета Најдовска, Мерџан Даути во новтоо писмо до претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев , обвинува дека барањето до Адвокатска комора за да им се одземат лиценци, е обид за замолкнување на одбраната.

– Не се плашете претседателе, овој предмет застарува во 2031 година, и не разбирам на Вашето инсистирање спротивно на сите позитивни закони, да предметот познат за јавноста „ТНТ“ да заврши пред изборите или во најкусен можен рок, т.е. текот на овој месец – пишува Даути.

Тој очекува  дека Апелацискиот и Врховниот суд нема да го премолчат тоа што не му било дозволено да го користи албанскиот јазик и дека ќе го укинат и ќе го вратат предметот од почеток.

– Затоа, Ве повикуваам, на јавноста, колегите адвокати и на локална и меѓународната заедница, да и одговорите на прашања:

Дали на 28.01.2020 година, доколку согласно подготвениот план, Судскиот Совет констатира оставки, одново ќе почне судењето ТАЛИР 1, МОНСТРУМ, ТЕНДЕРИ, ТОПЛИК и сите други предмети каде оваа поротничка е член да судечиот совет?

Дали на последното рочиште кое се одрза во јануари 2020 година, во случајот за сообраќајната несреќа, едната од судија – поротник, поради протек на мандат повеќе не е член на судечкиот совет и зашто и за неа не инсистирате да продолжи да работи се до одлука на судски совет, нешто се прави со Лилјана Ивановска Кочовска?

Вистина ли е дека Основниот кривичен суд нема друг судија – поротник?

Дозволете како претседател на Судот, да завладее правото, а ако сметате дека „ТНТ“ е национален интерес, те. мора Фиат Цановски да се обештетува до парламентарните избори, започнете го рочиштето од ново согласно закон, закажувајте рочиште секој ден до 12.04.2020 година, и така ќе ја постигнете целта, но притоа ќе имаме судска постапка соглано закон, пишува Даути.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...