Лизгалиштето во Кавадарци ставено во функција

315

Лизгалиштето во Кавадарци е ставено во функција, основците и средношколците ќе можат организирано и според програма бесплатно да го користат до крајот на февруари, подучени од наставници.

– Убаво е секое дете да проба да лизга, да се учи вештината на лизгање – нагласи  градоначалникот Митко Јанчев.

Лизгалиштето ќе може да се користи и надвор од предвидените термини за ученици, а тогаш за лизгање ќе се плаќа симболична цена.

Кавадарчани вторпат можат да го користат ова лизгалиште, откако минатата сезона него го обезбедија компаниите „Кожувчанка” и „Црна Река”. Општина Кавадарци ја плаќа струјата за да работи лизгалиштето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...