Мадам Тисо во Лондон ги оддели восочните фигури на Хари и Меган од кралското семејство
После изјавата на Хари и Меган дека ќе се повлечат од нивните кралски должности, музејот Мадам Тисо во Лондон ги оддели нивните восочни фигури од останатите на кралското семејство.
Претходно, фигурите на парот стоеја до кралицата и принцот Филип, заедно со Кејт и Вилијам.
Стив Дејвис, генералниот менаџер на експонатот изјави:
„Ние, заедно со остатокот од светот, реагиравме на изненадувачките вести дека војводата и војвотката од Сасекс ќе се повлечат од кралските должности. Од денес, фигурите на Меган и Хари нема да стојат со кралското семејство.“
FOTO: Tviter/Printskrin