Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман не го криеше своето разочарување, откако загуби со 2:3 од Атлетико во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.
– Не знам зошто изгубивме. Јас исто така не можам да ги објаснам нашите грешки. Атлетико на крајот имаше повеќе енергија, а тоа не чинеше успех. Треба да го разгледаме натпреварот повторно, да работиме напорно и да се подобриме. Ако го сториме тоа, ќе се вратиме посилни. Малите грешки можат да уништат добар резултат. Ќе работиме, тоа е тоа – изјави тој.
На средбата беа поништени два гола за „каталонците“, а Гризман го прокоментира тоа на следниов начин: „ВАР му помага на фудбалот. Понекогаш тој ни помага нас, понекогаш на нашите противници“.
Во финалето на Суперкупот ќе се соочат двата тима, кои не освоија трофеј во Шпанија минатата сезона – Реал Мадрид и Атлетико.