Чулев ги стопира новите решенијата кои уште не им се врачени на полициските службеници

Чулев и претставниците на синдикатите се договориле да биде формирана комисија за ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во МВР, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај.

3601

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната средба со раководствата на репрезентативниот Македонскиот полициски синдикат и Независниот синдикат на полицијата, информирал дека донел одлука за стопирање на решенијата кои се уште не се врачени за полициските службени, изготвени од неговиот претходник.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Чулев истакна дека е свесен за огромниот број на поплаки на полициските службеници за претходно спроведената систематизација, и дека ќе се воведе механизам за заштита од повреда на правата на вработените преку зголемен надзор и проверка на издадените решенија.

На средбата било договорено претставниците на синдикатите да испратат писмена информација за нивниот став во однос на последните распределувања кои предизвикаа реакции во јавноста.

„На преден план е професионалноста и квалитетот во вршењето на работните задачи и министерот ја даде апсолутната поддршка на полициските службеници кои ја извршуваат својата работа согласно пропишаните правила“ се наведува во соопштението.

На средбата, како што се посочува, се разговарало за тековните состојби во МВР, а пред се целта сите полициски службеници професионално да придонесат претстојните избори да поминат во најдобар ред односно да се обезбеди фер и демократски изборен процес.

Чулев и претставниците на синдикатите се договориле да биде формирана комисија за ревизија на сите правни акти издадени во последниот период во МВР, со учество на синдикатот, која треба да утврди дали се направени неправилности и да подготви соодветен извештај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...