Критики за убавината на Белучи: Да имаше плата од 250 евра, ќе се распаднеше уште пред 20 години

Многумина ја нарекуваат италијански секс-симбол, а Моника не ја крие тајната на својот изглед.

3023

Филмската актерка Моника Белучи (55) се појави на 77. доделување на наградите Златен глобус во Лос Анџелес, и како и секогаш сите го коментираат нејзиниот младешки изглед.

Многумина ја нарекуваат италијански секс-симбол, а Моника не ја крие тајната на својот изглед.

– Одам за пилатес, пливање, но тоа не значи дека станувам во шест часот наутро и одам во теретана. Заборавете на тоа. И тука не станува збор за годините, туку за енергијата. Телото старее, но душата останува млада – рекла Моника.
Медиумите кои пишуваат за нејзиниот рецепт за вечна убавина предизвикоа мноштво коментари.

– Би ја видел јас неа да има плата од 250 евра, да јаде грав и вариво, сирење кое смрди и компири. Би се распаднала на 38-годишна возраст – гласел еден од коментарите.

Белучи ја започна својата кариера во моделството на 16-годишна возраст, а подоцна се сврте кон актерството и оствари голем број сериозни улоги во филмовите. Сепак, таа се здоби со светска слава и статус како најсекси жена во светот со улогата во италијанскиот филм „Малена“ во 2000 година.

Таа, исто така, привлече големо внимание неколку години подоцна со улогата на Марија Магдалена во контроверзниот „Пасија“ на Мел Гибсон, каде се оддалечи од својот сексапилен имиџ и вообичените улоги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...