Вељановски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски на суд како нарачатели на крвавиот четврток

966

Одобрено е обвинението за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а според кое осомничени се поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски, информира Основниот Кривичен суд.

– Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост – информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

По веќе оценетиот обвинителен акт, како што велат од Судот, формиран е кривично- правен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...