Папата Франциск денеска ги повика САД и Иран да избегнат ескалација на насилствата и да продолжат со дијалогот за да избегнат поширок конфликт на Блискиот исток.
Папата ова го изјави на годишниот говор познат како „Светска држава” кој го одржа пред сите акредитирани амбасадори во Ватикан, јави дописникот на МИА.
– Сигналите од целиот регион се особено проблематични по засилените тензии меѓу Иран и САД. Затоа, јас го повторувам мојот апел до сите засегнати страни да избегнат ескалација на конфликтот и да го одржат „пламенот“ на дијалогот и воздржаноста со целосно почитување на меѓународното право – рече папата.
Поглаварот на Католичката црква додаде и дека тензиите меѓу САД и Иран го попречуваат закрепнувањето на Ирак и се основа за огромен конфликт. Според него, последните тензии имаат потенцијал да го запалат целиот регион.
Инаку, Франциск веќе ги повика сите верници да се молат за мир во Ирак и Иран.
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI